Прв пат после апсењето СЕ ОГЛАСИ ПЕЈАЧКАТА РОМАНА

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прв пат после апсењето СЕ ОГЛАСИ ПЕЈАЧКАТА РОМАНА

Српската пејачка Романа Паниќ која беше уапсена во Австралија со вереникот Филип поради кражба на банкомати и може да биде осудена на 12 месеци казна затвор се огласи на социјалните мрежи.

Прв пат после скандалот кој ја шокираше јавноста, на профилот на Романа била прикачена објава која набргу исчезнала.

Имено, таа ја споделила објавата на една женска личност, за која се претпоставува дека се многу блиски, со оглед на начинот на кој ја брани.

Во таа објава, таа женска личност напишала: “Гледајте си ја вашата работа”, а во продолжение на текстот тврди дека новинарите пишуваат глупости, притоа навредуваат и потоа споменува и “режирање на приказната”, веројатно со цел да нагласи дека нешто не е вистина.

Романа после полноќ, оваа објава ја сподели на својот Инстаграм стори, а набргу истата објава била избришана.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата