ДНЕВНА АГЕНДА: Еве каде денеска партиите ќе ги промовираат своите програми

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДНЕВНА АГЕНДА: Еве каде денеска партиите ќе ги промовираат своите програми

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Конче во 17:00 часот, Општина Радовиш во 18:30 часот, Општина Струмица во 20:30 часот.

-Носител на ИЕ 1, проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова во 13:00 часот ќе даде изјава на Боемска улица.

Во 20:00 часот предвидено е Трибина позади Филхармонија.

-Носител на ИЕ 2, Владо Мисајловски, во 12:00 часот Блага Вода населено место Стопански двор, Волково, при што е предвидено да биде дадена изјава за медиуми.

– Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, во Гостивар 13:00 часот ќе оствари средба со турчинки во Качамаку и УЖ, по завршување на средбата предвидена е изјава за медиуми.

Во 18:00 часот ќе ја посети МК Циглана и ќе оствари средба со граѓани. По средбата е предвидено изјава за медиуми.

Коалицијата „Можеме“ денеска ќе биде во Велес, Гостивар.

Во Велес оваа коалиција  ќе одржи трибина во 19. 00 часот, додека во  ќе има средби со граѓани и во Желино, Чегране и Врапчиште.

Носителот на листата на ДУИ во ИЕ 1, Изет Меџити  ќе одржи прес-конференција на плоштад Скендербег во Скопје во 11.00 часот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата