Шекеринска: Проблемот со Охридско стана видлив, кога ДПМНЕ го донесо Субрата да го прави Лас Вегас

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шекеринска: Проблемот со Охридско стана видлив, кога ДПМНЕ го донесо Субрата да го прави Лас Вегас

Прашањето за Охридското езеро многу важно прашање, не е само важно прашање Охрид и Струга, не само важно прашање за 5-ка, тука за цела држава е важно прашање, и мислам дека не треба да се криеме зад точките и запирките во законите, изјави Радмила Шекеринска, носител во петтата изборна единица од коалицијата „Можеме“.

Таа вели дека проблемот со статусот на УНЕСКО на Охридското езеро и на целиот регион особено станал видлив од моментот кога една Влада дозволила Субрата Рои да се шета низ државата како спасител и да пропагира дека од Охрид ќе направат Лас Вегас.

„Ниту стана Лас Вегас, а се испостави дека не постојат парите што можат да го спасат Охрид и неговиот статус. Но, од тој момент мониторингот стана многу посилен и уште во април 2017-та година незабележано помина во јавноста“, рече Шекеринска.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата