Некогашниот македонски одбојкарски репрезентативец и селектор, Жарко Ристоски, го продолжи договорот со Саудиската одбојкарска федерација за уште една година. Тој со тоа ќе остане на селекторското место во Саудиска Арабија и за престојната сезона 2020/21, што за него ќе биде веќе трета од престојот на Блискиот Исток.

„По две успешни години како главен тренер на саудиската одбојкарска репрезентација, со задоволство го најавувам продолжувањето на договорот за претстојната сезона 2020/2021. Благодарност до Саудиската одбојкарска федерација за продолжувањето на соработката и довербата што ја имаат во мене. Заедно до новите успеси!!!“, напиша Ристоски на социјалните мрежи.