Петнаесеткратниот турски шампион Бешикташ одлучи да не го продолжи договорот со ганскиот интернационалец Кевин-Принс Боатенг. Искусниот фудбалер во јануари пристигна во Истанбул како позајмен фудбалер од Фиорентина, но „орлите“ одлучија да не ја активираат опцијата да ја продолжат позајмицата на уште една сезона туку да го вратат назад во Фиренца.

Фиренца ќе бара нов клуб за него, ако има интерес и за нова позајмица, а инаку договорот на 33-годишниот поранешен играч на Барселона има договор со „виолетовите“ до јуни 2021 година.