Со погодокот на Бен Ме во 62. минута екипата на Барнли успеа да ги освои бодовите од гостувањето на „Селхарст парк“ против домашниот Кристал Палас. Конечниот резултат 1:0 означи и прекин на серијата од четири порази на Барнли од лондонската екипа.

Ме има четири гола во Премиер лигата, а претходниот му беше во јануари 2017 година кога ја затресе мрежата на Манчестер Сити. Тој денеска одбележа и јубилеј, 300 натпревар за Барнли.