Заев вели дека лошо се изразил во 2016 година: “Маме ќе им ебам на сите што ќе влезат кај мене во коалиција“

29.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев вели дека лошо се изразил во 2016 година: “Маме ќе им ебам на сите што ќе влезат кај мене во коалиција“

Откако на јутјуб беа објавени аудио-бомби во кои претседателот на СДСМ Зоран Заев ги пцуе коалиционите партнери (шарен револуционери), тој самиот попладнево тврди дека лошо се изразил.

- Шарена револуција има 4,8 посто, ако не сум и сам 4.8.На прашањето што ако тие се формираат како партија Заев одговара: Jас го регистрирав тоа, шарена ќе е колаицијата кога ќе излеземе. Се ќе соберам на куп, и шуто и рогато.Ма..мето ќе им го ебам после на сите што ќе влезат кај мене у коалиција - се заканува Заев во новата бомба.

- Лошо сум се изразил во разговорот од 2016 година кој денес е објавен на курирските портали. Но, наспроти тие неколку несоодветни зборови, во изминативе три години стојат на виделина сите добри односи, почит и достојна соработка со сите наши коалициони партнери. Низ конкретни дела секој ден градам човечки и пријателски односи со сите мои партнери и соработници, затоа нашата коалиција постојано расте, затоа нашето мнозинство победува., пишува попладнево. на ФБ.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата