Вест Хем Јунајтед на својата официјална веб-страница објави фотографија од новиот сет на дресови со кои клубот ќе ги игра домашните натпревари во сезоната 2020/2021.

Дресовите се специјално дизајнирани по повод 125-годишнината од формирањето на лондонскиот клуб. И новите дресови не отстапуваа од традицијата. Боите се практично оние кои ги карактеризираат „чеканите“ веќе 125 години. Дресот е од програмата на производителот Умбро.

Вест Хем е основан во 1895 година. Во својата историја, клубот трипати го освои ФА Купот.