Обнова му треба на ВМРО-ДПМНЕ, не на државата, порача претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев на граѓанската трибина во Гевгелија.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ како водечка политика во југо-истокот ја промовира мерката за повторно отворање на рудниците, со што, како што рече Заев, ВМРО-ДПМНЕ директно оди против волјата на народот, на директна штета на здравјето на граѓаните и на здравата животна околина во овој богат земјоделски крај.

„Во југоистокот ќе ги отворале рудниците. Да ги потсетам граѓаните како беше 11 години додека беа тие власт, молк, не смееше да има протест, не смееше да има референдум. Се дигнаа граѓаните против рудниците заради слободата што ја има сега и порачаа да не му падне на никој на памет да отвора рудници, За 48 часа го слушнавме гласот на народот и направивме корекции. Ги укинавме концесиите. Прво во Казандол, а потоа и за Иловица во струмичко. Тие носеа концесии, ние укинувавме концесии. Секој глас за Александар Николовски е глас да се вратат рудниците во струмичкиот и Гевгелиско-Валандовскиот крај. Ова е европско богатство на земјоделие и на екологија и треба да го заштитиме до крај. Тие ги даваа концесиите, ние ги укинувавме. Сега треба да видиме дали сме исти, не сме исти, комплетно сме различни“, рече Заев.

извор: Makfax

Најчитани вести