Бенфика повторно изгуби и се чини дека ќе остане без титулата оваа сезона. После минатонеделниот шок од Белененсес на домашен терен (3:4), вечерва тимот од „Луж“ изгуби на гостувањето кај Маритимо со 2:0. Двата гола паднаа во второто полувреме и тоа после секавични контра напади на играчите на Маритимо.
Нану ги покажа своите спринтерски способности и го насочи фокусот кон себе. Тој покрена две акции кои резултираа со два гола. Едноставно си поигруваше со скапоплатените играчи на трофејниот лисабонски клуб, а потоа неговите соиграчи успешно ги завршија неговите акции. Бенфика има четири бода помалку од лидерот Порто кој својот меч го игра вечерва.