Фармацевтски компании МУ ЈА ГРАДАТ КУЌАТА НА ФИЛИПЧЕ?!

29.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фармацевтски компании МУ ЈА ГРАДАТ КУЌАТА НА ФИЛИПЧЕ?!

До редакцијата на „Лидер“ не пристигна ниту еден демант за првиот дел од аферата „ФАРМАГЕЈТ“, во кој откривме како компанијата „Промедика“ заедно со својата фирма ќерка „Неокор“ извлекла неколку десетици милиони евра од државата преку изигрување на законот за јавни набавки.

Тоа што никој ниту демантираше, ниту реагираше, значи дека посочените ги профаќаат нашите документирани тврдења па сега работата останува на обвинителството за организиран криминал.

Во вториот дел од нашето истражување ќе се позанимавме со две други компании кои преку истата шема извлекуваат пари од земјата и истите завршуваат во Прага, кај првиот човек на фарма-мафијата кој заедно со Филипче и Заев ги дели извлечените пари од надуените тендери. Идентитетот на човекот кој стои на врвот од пирамидата, ќе биде објавен во третиот дел од нашето истражување.

Истите аксцелератори еднаш ја платил Тодоров, а уште еднаш СДСМ!

Исто како „Промедика“ и „Неокор“, шема преку која се зголемуваат цените на тендерите за јавни набавки прават и компаниите „Синерџи Медикал“ и „Кубис Медикал“. Иако на хартија втората компанија не е поврзана, сепак, во фармацевските кругови не е тајна дека зад двете фирми стои контроверзниот менаџер Горан Филипов, кој долги години функционира во јавното здравство.

Филипов, беше поврзан и со претходниот министер за здравство Никола Тодоров, од кој во 2012 доби тендер од неколку милиони евра за набавка на аксцелератори во болниците во Битола, Штип и болницата 8-ми септември.

Во тој тендер во цената беше вклучена и монтажата и софтверот за овие апарати, но, скандалот оди до таму што во 2017 година, по доаѓањето на СДСМ на власт, истата фирма доби 900.000 евра од министерството за здравство за монтажа и софтвер. Значи, „Синерџи“, фирмата на Филипов по втор пат од државата наплати нешто за кое земала пари уште во 2012 година.

Веднаш по овој очигледен криминал, двете фирми, позади кои стои Горан Филипов станаа дел од шемата за извлекување на пари од државата во која е вклучен споменатиот бизнисмен од Прага, кој ќе го откриеме во наредниот дел. Преку овие две фирми, исто како и преку „Промедика“ и „Неокор“ од државава се извлечени милиони евра.

Тој им го дуплираше приходот, тие му изградија куќа!

Статистичката анализа на „Лидер“, која ја спроведовме со документи добиени од Централниот регистар и Управата за јавни приходи, покажува дека двете фирми позади кои стои Горан Филипов, во 2019 го дуплирале својот приход во одонос на 2018.

Познавачите велат дека во фармацевстскиот бизнис, доколку работите чесно и посветено, практично е невозможно да ги зголемите своите приходи за повеќе од дваесетина проценти на годишно ниво, но, „Синерџи Медикал“ и „Кубис Медикал“ се збогатиле за повеќе од 100% за само една година.

Имено, во 2018, „Синерџи Медикал“ имале приход од 178.913.435‬ денари или околу 3 милиони евра, во следната година, по влегувањето во крими-шемата за извлекување пари, истата компанија покажува приход од 292.430.094‬ денари или околу 4.8 милиони евра.

Дуплиран е и приходот кај фирмата-ќерка, која на хартија има други сопственици. Во 2019 „Кубис Медикал“ имала приход од 99.977.009 денари или околу 1.6 милиони евра, за во следната 2019  година приходот да се зголеми на 166.185.481‬ денари или околу 2.7 милиони евра.

Сознанијата на „Лидер“ се дека половина од вишокот на парите се изнесени во Прага, исто како и во случајот на „Промедика“, а Филипов е еден од мозоците на операцијата задолжен во тендерите да ги пишува техничките спецификации кои најмногу одговараат.

Скандалозно е што на почетокот на годинава, ТВ АЛФА објави прилог дека токму Горан Филипов, кој стои позади Синерџи и Кубис, гради куќа заедно со мајката на сопругата на Венко Филипче.

Куќата се наоѓа во Горно Нерези, во местото викано Рупе, а според катастарските парцели се простира на површина од над 1000 м2.

Катерина Савеска е мајка на сопругата на министерот Филипче и таа гради куќа заедно со Филипов. Информациите говорат дека оваа куќа е изградена како награда за подигнувањето на профитот на „Синерџи“ компанија која е значаен дел од бизнисот со државни пари кои се извлекуваат во Прага.

Има ли и други вмешани фирми?
Истражувањето на „Лидер“ открива уште неколку други поврзани компании кои работат во мрежата заедно со „Примедика“, „Неокор“, „Синерџи“ и „Кубис“. Нив ќе ги објавуваме во наредните делови. Во следниот дел од нашето истражување, кој ќе биде објавен до крајот на неделава, ќе откриеме каде завршуваат украдените пари и како повторно се враќаат во Македонија со цел предизборен поткуп.

извор Лидер.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата