На Бил Гејтс НЕ МУ ВЕРУВААТ, ВАКЦИНИТЕ НЕ ГИ ПРИФАЌААТ

29.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На Бил Гејтс НЕ МУ ВЕРУВААТ, ВАКЦИНИТЕ НЕ ГИ ПРИФАЌААТ

Основачот на Мајкрософт, инвеститор и филантроп Бил Гејтс верува дека Соединетите Држави не се ни близу до тоа да направат доволно за борбата против коронавирусот и притоа предупредува дека последната пречка во справувањето со пандемијата ќе биде да се убедат луѓето да се вакцинираат.

Во разговор со Си-ен-ен, Гејтс рече дека е можно многу брзо да се тестира новиот патоген, а за големиот број новозаразени лица главно ги обвинува Соединетите Држави, кои не ги следат мерките за превенција како и сите други земји.

„Другите земји воведоа рестриктивни мерки, блокади и карантини, прифаќајќи сеопфатна потрага по заразените“, рече Гејтс и додаде дека брзото ширење на бројот на новите случаи во Соединетите Држави било срамно.

„Околу 70 до 80 проценти од светското население ќе треба да се вакцинираат пред да можеме да водиме нормален живот, да патуваме, да одржуваме големи спортски настани“, рече Гејтс.

Си-ен-ен пишува дека третина од Американците изразиле загриженост за безбедноста на вакцината против коронавирусот, што ја зголемува можноста воопшто да не сакаат да се вакцинираат.

Најголем проблем, смета Гејтс, нема да биде откривањето на вакцината, туку убедувањето на луѓето да ја прифатат вакцинацијата против коронавирусот.

Од друга страна, милијардерот предупреди дека постои можност вакцината луѓето да ги штити само индивидуално, но дека нема да го спречи преносот на вирусот.

„Не е сигурно дека вакцината ќе биде совршен блокатор за пренесување на вирусот“, рече Гејтс.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата