ОД НИВА ВО СМРТ - Две деца од струмичко загинаа откако тракторот паднал во река

29.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОД НИВА ВО СМРТ - Две деца од струмичко загинаа откако тракторот паднал во река

На 29.06.2020 година, во 15,15 часот, во СВР Струмица, пријавен е несреќен случај со превртување на трактор и пад во река во близина на мост на локалниот пат с.Добрејци - с.Пиперево, во кој животот го загубиле две малолетни деца на возраст од 14 и 15 години.

Увид на лице место извршија јавен обвинител, увидна екипа од СВР Струмица и лекар мртвопроверител, по констатирање на причините за смртта телата на децата се предадени на семејствата.Се работи на целосно документирање на настанот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата