ЧИЧКО МОНСТРУМ си ги тепал внуката и внукот, кој има аутизам

29.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЧИЧКО МОНСТРУМ си ги тепал внуката и внукот, кој има аутизам

Притвор од 30 дена доби чичкото кој ги малтретирал внуците во Градски парк. Во текот на вчерашниот ден во Градскиот парк во Скопје тој го врзал за дрво 10-годишниот внук, кој имал аутизам, а со прачка ја тепал и неговата сестра.

Случајот е пријавен од минувачи кои ги снимиле настанот, а Единицата за насилен криминал поднесе пријави до обвинителството за малтретирање и запуштање дете.

Осомничениот 46-годишник едното дете го врзал со внатрешната гума од мопед за стеблото на дрво. Детето не можело да се ослободи, а неговата сестра се доближила до дрвото да му подаде шише за да се напие течност. Чичкото прво ја прекорил, а потоа ја удрил со шлаканица по лицето и со ластегарка по стапалата. Осомничениот е спроведен во Истражниот затвор во Шутка. ​

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата