По се изгледа дека Андреа Тринкиери нема веќе да биде шеф на струката на КК Партизан. Италијанскиот стратег, барем според пишувањето на медиумите во Србија, поднел барање за раскин на договорот кој со „црно – белите“ му истекува на 25 јули. Ова и се очекуваше, барем според шпекулациите кои доаѓаа од таборот на некогашниот европски кошаркарски првак.

Инаку Тринкиери, и поради резултатите, но и поради својот однос, беше миленик на фановите на “црно – белите“, кои не кријат дека се разочарани од фактот дека можат да останат без него.

Се шпекулира дека Италијанецот ќе си оди поради тоа што имал две одлични понуди, и тоа од Баерн Минхен и од Фенербахче.