Економијата е во драматичен пад, НА КРАЈОТ НА 2020 ЌЕ СЕ ПРОГЛАСИ РЕЦЕСИЈА

29.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Економијата е во драматичен пад, НА КРАЈОТ НА 2020 ЌЕ СЕ ПРОГЛАСИ РЕЦЕСИЈА

Ние се уште не сме во рецесија. Треба да настапат два квартала едно по друго со негативни стапки на раст, па дури тогаш да се прогласи рецесија. Позитивниот квартал кој што заврши во март имавме позитвна стапка на раст, минимална но сепак доволна, тој квартал да не биде дел од онаа сукцесија. Ние сега знаеме дека економијата е во драматичен пад, знаеме дека вториот квартал ќе биде негативен, не знаеме колку, но знаеме дека ќе биде неквартативен. Може да очекуваме дека и третиот квартал ќе биде негативен, но да прогласиме рецесија можеме дури некаде при крајот на 2020 година, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров.

Се гледа дека има голем пад на буџетските приходи, а затоа во исто време има и голем раст на буџетските расходи кои што се резултат на трансферните плаќања. Токму за тоа да се одржи каква таква економска и социјална стабилност на земјата. Тоа не е правец кој треба да се поддржи во иднина, напротив треба да се остават стопанските субјекти колку што можат посамостојно да ги планираат активностие и производните процеси. Да не очекуваат помош од Владата и јавниот сектор, но во овој момент тоа не може да се избегне, мора да се прифати така, инаку ќе колабира комплетно економијата, изјави професорот Мирољуб Шукаров.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата