Се истепаа, па 12 години подоцна се вратија на истото место - ЕВЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА

29.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се истепаа,  па 12 години подоцна се вратија на истото место - ЕВЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА

Помеѓу Мина Костиќ и Инди Арадиновиќ се случи еден од најголемите скандали на естрадата – физичка пресметка на Гранд фестивалот во 2008 наводно заради Тиосав Сретеновиќ Тике. Како што се шпекулираше, Инди се забавувала со него, поранешниот сопруг на Мина, па пејачките прво се скараа, а потоа и се тепаа.

Сега, 12 години подоцна, тие две се сретнаа во сетот на специјални емисии наЅвездите на Гранд“.

Според направените  фотографии, не е јасно дали се сретнале директно  Мина и Инди, бидејќи секоја од нив била сама во студиото со Сања Кужет и Воја Недељковиќ.

Во таа пригода, како што пренесуваат локалните медиуми, Мина открила дека сè уште не е во добри односи со својата колешка и дека нема да ја поздрави доколку се сретнат.

- Зошто ме прашувате за нешто од пред десет години? Таа дојде, снимаше и си замина. Ја имам видено стотина пати од тогаш. Јас не комуницирам со неа, ниту сум заинтересирана за неа", рече Мина, без да прецизира дали имало средба помеѓу неа и Инди овој пат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата