Тракторист од Охрид тешко повреден ОТКАКО СЕ СУДРИЛ СО КОЛА

29.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тракторист од Охрид тешко повреден ОТКАКО СЕ СУДРИЛ СО КОЛА

На 28.06.2020 во 13.25 часот било пријавено дека на локалниот пат за с.Орман, охридско, пред мостот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „даеву рејсер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(41) од с.Долно Лакочереј, охридско и трактор „ИМТ“, управуван од Р.Ф.(60) од Охрид.

Во незгодата Р.Ф. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.
 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата