„Често плачам сама, но не и пред децата“: Тања Савиќ раскажа за тешкиот период кој го поминува

29.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Често плачам сама, но не и пред децата“: Тања Савиќ раскажа за тешкиот период кој го поминува

Српската пеачка Тања Савиќ, веќе подолго време е раздвоена од своите синови, поради корона вирусот морала да остане во Србија, а заради целата ситуација е спречена да одлета за Австралија, пренесуваат српските медиуми.

Тања во цел овој период на пандемија е кај своите родители во селото Радиачац, Смедерево, а од моментот кога нејзиниот сопруг Душан Јованчиќ ги однел децата, нестрпливо го чека денот кога повторно ќе се прегрнат.

Од децата сум раздвоена два месеци и најважно ми е само да ги прегрнам, едвај го чекам тој момент. Секој ден се слушам со синовите на видео повик, им раскажувам што се случува овде, а они мене ми раскажуваат што се случува таму, како го поминуваат времето и што прават. Многу ми недостигаат, ме засмеваат и преку телефон, ама не е тоа тоа како кога сум покрај нив. Авионите не летаат сега, така да ми е скратено прегрнувањето со моите деца. Ќе бидам стрплива, се надевам дека ќе отидам за Австралија и дека ова со короната наскоро ќе се реши, изјавила Тања, пренесуваат српските медиуми.

-Се расплакувам често кога сум сама, но никогаш пред нив. Многу ми недостасуваат. Тешко им е и на нив, ама они се деца, па го прекриваат некако незадоволството и тој недостаток на мајка. Веќе знаат дека ќе се слушнеме секој ден, во некое одредено време, зарди временска зона. Пробувам да им надоместам тоа што не сум покрај нив, и секогаш им зборам: “Дојдете, мајка ви ве чека, мајка ви ја средува куќата.” Се трудам да останам јака, истакна пеачката, пренесуваат српските медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата