СТАНА СРАМОТА ДА СИ БЕЛЕЦ: Л’Ореал ги отстранува зборовите „бело”и „белење” од своите производи

28.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СТАНА СРАМОТА ДА СИ БЕЛЕЦ: Л’Ореал ги отстранува зборовите „бело”и „белење” од своите производи

Оваа одлука доаѓа по онаа на индиската подружница на Унилевер, која избра да го преименува својот крем за осветлување на кожата на пазарот под името „Fair & Lovely“. 

Групата Л’Ореал одлучи да отстрани одредени зборови, како што се „бело” или „белеење”, од описот на козметичките производи на нивните пакување, во глобалниот контекст на анти-расистички демонстрации, јави дописникот на МИА.

„Групата Л’Ореал одлучи да ги отстрани зборовите бело / белење и јасно од сите свои производи наменети за стандардизирање на кожата“, соопшти францускиот гигант за козметика, без дополнителни детали, како за евентуално повлекување на некои од производите од продавниците.  

Оваа одлука доаѓа по онаа на индиската подружница на Унилевер, која избра да го преименува својот крем за осветлување на кожата на пазарот под името „Fair & Lovely“. Англо-холандската компанија вети дека повеќе нема да го користи зборот „светло“, бидејќи марката вели дека е „посветена на славење на сите тонови на кожата“.

Обемот на антирасистички протести, поттикнати од смртта на Џорџ Флојд, Aфроамериканец задушен  од бел полицаец во Минеаполис, вршат силен притисок врз деловните субјекти

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата