Значаен дел од нашата програма зазема делот за владеење на правото и првана држава. Трет ден по ред Заев бега да одговори. Имаме проект кој што се вика испитување на капиталот и богатството на сите политичари и јавни личности во изминатите 30 години.
Пред неколку месеци претседателот на нашата партија и идниот премиер Христијан Мицкоски ова го презентираше јавно, сега е дел од нашата програма и ќе го спроведеме.
Трет ден го повикувам Зоран Заев ќе го повикам и одовде да каже дали е во можност да го докаже потеклото на неговиот личен капитал и богатство и потеклото на богатство на неговото семејство кое што во 18 години колку што е Заев вкупно на функција стана најбогато семејство на Балканот, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски на денешниот митинг во општина Новаци.
Николоски вети сериозен удар врз зелената мафија која што е во директен сојуз со Зоран Заев како и отворање на мали и средни претпријатија кои ќе вршат откуп на земјоделските производи.