Никогаш не оставајте сретство за чистење раце во автомобил: Оваа фотографија е опомена

27.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Никогаш не оставајте сретство за чистење раце во автомобил: Оваа фотографија е опомена

Британската национална здравствена организација ги предупредува граѓаните да не оставаат во автомобил сретства за дизинфекција на раце, врз база на алкохол, нити санитарни сретства кои служат за дизинфекција поради можност да предизвикуваат пожар.

Високите температури и сретства на база на алкохол можат да доведт до сериозни незгоди и пожар. Поради внатрешниот притисок во шишенцето може да дојде до експлозија.

“Добивме неколку пријави во кои сретствата за дизинфекција на раце се запалиле во авотомобил поради висока температура во Велика Британија“, истакнале од Националната здравствена организација во соопштение.

Поради температура која е преку 25 степени Целзвјусови, температурата во автомобил може да достигне и преку 50 за неколку часа. Не ни чудо зошто на социјалните мрежи се вртат фотографии на запалени санитарни шишенца кои се изложени директно на сончева светлина“, рекле од оваа организација.

Сепак експертите наведуваат дека иако постои ризик сретството да се запали, важно е да се има покрај себе бидејќи ефикасно спречува зараза од корона вирус.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата