ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА СЗО: Во вториот бран може да починат милиони

26.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА СЗО: Во вториот бран може да починат милиони

Милиони луѓе би можеле да починат ако има втор бран на пандемијата на коронавирусот, предупреди официјалниот претставник на Светската здравствена организација, додавајќи дека смртоносната пандемија досега се однесувала како што предвидуваа експертите на СЗО.

- Можеме да ја споредиме оваа пандемија со шпанскиот грип, кој се однесуваше точно како Ковид-19: Се смири во текот на летото, а потоа повторно започна жестоко во септември и октомври, предизвикувајќи 50 милиони смртни случаи за време на вториот бран. Пандемијата се однесува како што предвидувавме - рече д-р Раниери Гера, помошник генерален директор на СЗО.

Предупредувањето на Гера доаѓа откако некои земји во Европа, но и целиот свет, полека почнуваат да ги олеснуваат строгите мерки на ограничувања што беа воведени со цел да се потисне ширењето на вирусот.

Според веб-страницата на Worldmeter, досега во светот се регистрирани повеќе од 9,7 милиони случаи на инфекција со Ковид-19. Севкупно починаа речиси  500.000 луѓе, а 5.266.000 се оздравени. САД имаат најголем број смртни случаи со 126.000 смртни случаи. По нив следува Бразил со 55.000 жртви, а потоа Велика Британија со 43.000.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата