Најлоски конец поставен како СТАПИЦА НА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ВО СКОПЈЕ (ВИДЕО)

26.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најлоски конец поставен како СТАПИЦА НА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ВО СКОПЈЕ (ВИДЕО)

Намерно или не. Злонамерно испланирано поради шега или заборавен конец од претходно извршување на работа на пат. Најлон конец од 50- тина метра предизвика бизарна несреќа во скопска Автокоманда.

Велосипедската патека во Автокоманда е една од најфрекфентните во градот. Неа секојдневно ја користат граѓани кои транзитираат од центарот на градот кон Хиподром.

Но, движењето по оваа патека во вторникот вечерта беше кобно за Зоран Таневски,кој секојдневно по неколку пати тука поминува со велосипедот, движејки се кон својот дом во Железара.Тој овде, доживува несреќа за каква не ни помислувал дека може да се случи.

„Околу 20 часот беше, квечерина, поминував тука кај рекламата каде што е. И оддеднаш ме закачи конец, овде, преку окото, наредните два три метри успеав да прикочам и паднав. Го осетив оној конец, не можам да кажам кој го поставил, но во секој случај во висина на велосипедист.“ - вели Зоран.

Извор: 24 телевизија

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата