Лепа Брена го набрка Саша Поповиќ - ЕВЕ ЈА ПРИЧИНАТА

25.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лепа Брена го набрка Саша Поповиќ - ЕВЕ ЈА ПРИЧИНАТА

Најпопуларната пејачка на Балканот, Лепа Брена строго се придржува кон мерките пропишани поради коронавирусот, па поради тоа им забрани на пријателите да ја посетуваат.

Имено, пејачката наводно била многу непријатна кон нејзиниот долгогодишен пријател и соработник, па го исфрлила од домот, а како што вели изворот за српските медиуми Саша Поповиќ првично помислил дека се шегува, а кога сфатил дека е сериозна, тој се станал и си заминал.

- Брена е одличен домаќин и ако некој сака друштво, таа е вистинската. Меѓутоа, кога дозна дека Саша бил во контакт со Жика Јакшиќ, кој веќе е заразен со вирусот, таа веднаш му рече да се сврти и да си замине, вели тој и додава:

- Поповиќ беше изненаден затоа што не можеше да замисли дека ќе го доживее тоа од Брена, со која соработува со децении. Таа веднаш му објасни дека нема да си игра со здравјето и дека тие можат да се видат еден со друг дури по две недели или кога ќе се тестира. Тој и покажа дека е негативен. Но сепак, Саша си замина.  Можеби се налути,  но потоа сфати дека не е ништо лично, и дека е сосема нормално Брена да сака да го заштити семејството.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата