По пријава на САШО МИЈАЛКОВ ИЗВРШЕН ПРЕТРЕС КАЈ ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ

24.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По пријава на САШО МИЈАЛКОВ ИЗВРШЕН ПРЕТРЕС КАЈ ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ

Полицијата вчера вечер изврши претрес во карантинот во хотелот ВИП каде што е сместен Љупчо Палевски како и во куќа во општина Центар која е во сопственост на сопругата на Палевски.

Претресот е извршен по налог на јавното обинителство со цел да се запленат електоронски записи со нелегално прислушуван матерјал.

Оваа информација за НОВА ја потврдија извори во полицијата од каде што соопштија дека во текот на денот ќе излезат со повеќе информации за овој случај.

Информацијата ја потврдува и самиот Љупчо Палевески во видео запис објавен на неговиот ФБ профил.

Според Палевски оваа акција на полицијата уследила по , како што вели Палевски, приватна кривична пријава од Сашо Мијалков кој посочил дека Палевски поседува нелегално прислушуван матерјал. Како што вели Палевски одземена му е електронска опрема: телефони, комјутер и дискови.

“Бараа бомби кои јас не ги пуштам и не ги поседувам” вели Палевски. 

Инаку Љупчо Палевски неодамна беше ослободен од притвор во Белград каде што престојуваше девет месеци. Палевски беше притворрен во Белград по потерница од хрватската полиција а по обвинение дека извршил кривично дело за време на неговиот престој во Хрватска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата