ПОТВРДЕНО: Се отвараат ГРАНИЦИТЕ И АЕРОДРОМИТЕ

23.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОТВРДЕНО: Се отвараат ГРАНИЦИТЕ И АЕРОДРОМИТЕ

Македонија ги отвара границите.

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила.

Нема да биде потребно приложување на ПЦР тестови, и нема да има упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин, информира техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Владата денеска донесе Одлука од петок, 26 јуни, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни. На денешната седница Владата донесе одлука, исто така од петок, 26 јуни, угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа. Од петок, 26 јуни 2020 година, се дозволува и работата на теретаните и вежбалните, а моловите, од истиот датум, ќе можат да работат и во неделите, информираа Спасовски на Фејсбук.

За сите овие одлуки до петок, 26 јуни 2020 година, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки.
 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата