Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Мицкоски и Заев јавно ја погазија функцијата претседател на државата и од Пендаровски направија беспоговорен извршител на нивните каприциозни и незрели желби, замисли и идеи, изјави лидерот на ФРОДЕМ, Јове Кекеновски.
ФРОДЕМ и Колицијата Никогаш северна, само Македонија бара од Пендаровски јавно на нацијата да ѝ објасни што тоа се случи за овие неколку дена за да тој повторно прогласи вонредна состојба, за која само до пред три дена тврдел дека нема никаква основа истата да ја продолжи.
Според Кекеновски срамно е образложението на синоќешната нова одлука за прогласување на вонредна состојба дека истата се донесува со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите од причина што ДИК и останатите институции мораа и треба и досега да бидат комплетно подготвени за изборите.
Уште полицемерно и бедно, додава тој, е обрзложението дека се прогласува нова вонредна состојба од нови 8 дена заради спроведување на мерки за заштита на јавното здравје на граѓаните.
„Пендаровски е должен да објасни што тоа за 10 дена ќе се смени и ќе се превземе за да не биде загрозено здравјето при гласањето, иако до пред само три дена тврдеше дека здравјето на граѓаните и членовите на Изборачките одбори во ниту еден слуај не е и нема да биде загрозено на изборите“, рече Кекеновски.
Тој дода дека Пендаровски три пати прогласил вонредна состојба без правна и уставна основа, за кое новиот состав на Собранието на Република Македонија мора сериозно и приоритетно да расправа и одлучуваведнаш по конститутивната седницана новиот состав на Соранието.
извор: Makfax