КОРОНАВИРУСОТ МУТИРА И СТАНУВА ПОЗАРАЗЕН - Шокантно тврдење на научници од САД

13.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОРОНАВИРУСОТ МУТИРА И СТАНУВА ПОЗАРАЗЕН - Шокантно тврдење на научници од САД

Низ серија лабораториски експерименти спроведени од американски истражувачи се укажува дека коронавирусот еволуирал и станал заразен.

Според Си-Ен-Ен, овие научници тврдат дека мутацијата влијае на протеин кој му овозможува на вирусот да се пробие во клетките во човечкото тело.

Како и да е, резултатите од нивната студија допрва треба да бидат потврдени од други претставници, а потребни се понатамошни истражувања, но доколку овие тврдења се покажат како вистина, тоа ќе биде првпат да се докаже значителна промена во коронавирусот.

„Во системот за клеточна култура што го користевме, вирусите со таа мутација беа многу заразни од оние без мутација“, рече Херјун Кои, виролог во Институтот за истражување на Скрипс во Флорида.

Состојбата за мутација му даде на вирусот многу поголем број на надворешни протеински шилци, што му овозможува да достигне до клетките, тврдат американски научници.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата