Претседателот на независниот полициски синдикат Гоце Делчев Тодев е потврден како позитивен случај на Ковид 19. Првите симптоми ги имал на 7. јуни, додека сомнителниот контакт со лице заразено од коронавирус, го имал на 26. мај.
Тој ова го потврди на својот профил на „Фејсбук“.
„ЗА ЖАЛ
КОРОНА ТЕСТОТ КАЖУВА ДЕКА
СУМ ПОЗИТИВЕН
Ми СЕ СЛУЧИ ПРВ ПАТ во ЖИВОТ ТЕМПЕРАТУРА 38.2 и КОРОНА
ДЕНОТ на ПРВИТЕ СИМТОМИ 07.06.2020
СОМНИТЕЛЕН КОНТАКТ со ЗАРАЗЕНО ЛИЦЕ од КОРОНА 26.05.2020“ напиша Делчев-Тодев, пренесува ТВ21.