Чулев: Одлуката за КАРАНТИН ВО ВРЕМЕ НА ДУХОВДЕН Е ПОЛИТИЧКА, а не со здравствени мотиви

6.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чулев: Одлуката за КАРАНТИН ВО ВРЕМЕ НА ДУХОВДЕН Е ПОЛИТИЧКА, а не со здравствени мотиви

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, од ВМРО ДПМНЕ, во интервју за Република дава свој став и оценка за неопходноста од карантин во време на празникот Духовден. Чулев не се согалсува со мерката и смета дека е донесена од политички а не од здравствени мотиви  но, како министер, има обврска да ја почитува а полицијата да ја спроведува

- Господине Чулев, на сила во моментов е одлуката за ограничување на движењето за одредени општини која трае 80 часа, каков е вашиот став по ова прашање?

Чулев: Одлуките кои ги носи Владата се однесуваат на ограничување на движењето на граѓаните и тие се дел од мерките насочени кон справување со коронавирусот. Искуството на Министерството за внатрешни работи на терен изминатиот период покажа дека граѓаните генерално ги почитуваат овие мерки и тоа е факт кој што го покажува статистиката. Но, јас во неколку наврати потенцирав дека одлуките се носат со недоволни аргументи и се базираат повеќе на политика, отколку на реални факти. Тоа особено беше видливо од моментот кога прашањето за одржување на парламентарни избори стана актуелно во јавноста. Политичкото влијание врз работата на Комисијата за заразни болести чии одлуки Владата генерално ги прифаќа, за жал имаат големо и сериозно влијание на денешната состојба во која се наоѓа нашата држава, а поврзана со пандемијата од Ковид 19.

Мојот личен впечаток е дека одредени политичари, веројатно брзајќи што побрзо да организираат избори, заборавија на здравјето на граѓаните. И таквото однесување не доведе до таму каде што сме денес. Последната одлука со која се ограничува движењето овој викенд, но и многу претходни имаат сериозни мани и недостатоци, но таа одлука е донесена од страна на Владата и како и сите други одлуки Министерството за внатрешни работи има обврска да ги спроведе, а граѓаните тие треба да ги почитуваат. Во контекст на денешниот празник, јас вчера на мојата фејсбук страна објавив статус каде напишав дека дисциплинираноста и одговорноста се карактеристики на големите луѓе и јас сум сигурен дека пред нас е време кога ќе можеме многу посигурно и побезбедно да ги одбележуваме убавите моменти, но и да изразуваме почит на оние кои не се помеѓу нас.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата