Велика Британија е втора земја во светот по бројот на починати од Ковид-19

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Велика Британија е втора земја во светот по бројот на починати од Ковид-19

Велика Британија е втора земја во светот по САД, според бројот на починати од коронавирусот со 40.261 смртни случаи.

Британските власти денеска соопштија за уште 357 смртни случаи, а регистрирани се уште 1.650 новозаразени, со што вкупниот број на случаи на коронавирус во Велика Британија изнесува 283.311 лица.

Британски лекари и научници денеска го повикаа премиерот Борис Џонсон да нареди подготовки на Велика Британија за вториот бран на коронавирусот на зима, предупредувајќи дека многу повеќе луѓе ќе умрат ако земјата не го подобри својот одговор на Ковид-19.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата