Зголемен бројот на заразени во Италија, границите ќе бидат затворени за земји кои не се членки на ЕУ

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зголемен бројот на заразени во Италија, границите ќе бидат затворени за земји кои не се членки на ЕУ

Бројот заразени лица скокнал на 518 во однос на 177 претходниот ден, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Со тоа, бројот на заразени со коронавирусот се искачи на 234.531, а вкупниот број на починати засега изнесува 33.774 лица.

Од новозаразените, 402 се од северниот регион Ломбардија, кој е најтешко погоден од епидемијата.

Претходно денеска, шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо, најави дека ниту после 15 јуни Италија нема да дозволи странците од земјите што не се членки на ЕУ да влезат во земјата.

Тој посочи дека, истовремено, Италија се залага слободата на патување во Европа да почне од 15 јуни.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата