Разрешена министерката за образование на Мадагаскар откако нарачала лижавчиња за 2 милиони долари

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Разрешена министерката за образование на Мадагаскар откако нарачала лижавчиња за 2 милиони долари

Министерката за образование во Мадагаскар е разрешена од функцијата, откако за учениците нарачала лижавчиња во вредност од два милиони долари.

Министерката Ријасо Андријаманана претходно кажа дека на секој ученик ќе му бидат дадени три лижавчиња за да го покријат горчливиот вкус на чајот од пелин, за кој претседателот на оваа земја тврди дека е лек против коронавирусот.

Претседателот, Андри Рахоелина, го промовира чајот од пелин како лек против Kовид-19

Неколку африкански земји продолжуваат да ја увезуваат подготовката наречена Covid-Organics, верувајќи дека тоа ќе помогне во борбата против коронавирусот, но од СЗО велат дека сè уште нема лек.

Националната медицинска академија на Мадагаскар исто така се сомнева во ефикасноста на лекот заснован на пелин и дури додаваат дека тоа може да му наштети на здравјето.

Претседателот ги отфрла критиките

Претседателот ги отфрла критиките и вели дека тоа е став на Западот кон Африка.

„Ако некоја европска земја открила лек за коронавирус, дали би било сомнително?“ Не верувам во тоа “, рече тој.

Мадагаскар има околу 1.000 случаи на коронавирус и седум смртни случаи.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата