ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: ПОЧИНА 6-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ, падна од трактор

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: ПОЧИНА 6-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ, падна од трактор

При пад од трактор, во делчевската населба Таушанско маало почина 6 годишно дете. Екипа на Итната медицинска помош интервенирала на повик во 14 часот, при што од страна на дежурниот лекар биле констатиран потрес на мозокот кај повреденото дете кое било во кома.

Со возило на Итната медицинска помош, 6 годишното дете е префрлено во кочанската болница, но детето починало пред пристигнувањето на болницата, каде била констатирана смрт – информираат од делчевскиот Здравствен дом.

Јавен обвинител е запознаен за случајот, а починатото дете се уште се наоѓа во кочанската болница. Според кажувањата на очевидци, како што додадоа од болницата, детето починало по пад од трактор, со кој како што додаваат, управувал неговиот тетин.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата