Во некои земји е забележано зголемување на бројот на заразени со коронавирусот по олеснувањето на мерките, предупредува Светската здравствена организација, од каде укажуваат дека пандемијата не е завршена.
Портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на брифинг во Женева рече дека деновиве гледаме зголемување на бројот на случаи низ целиот свет, не само во Европа.
„Кога се олеснуваат мерките за затворање, попушта социјалното дистанцирање, а луѓето мислат дека се е готово“, изјави Харис.
Таа е децидна дека нема да биде готово сè додека вирусот не се искорени насекаде низ светот.
извор: Makfax