Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје-109, Куманово-26, Дебар-1, Штип-15, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Валандово-1, Свети Николе-1, Неготино-1. Починати се две лица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2790, бројката на оздравени пациенти е 1632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1009. Вчера по завршување на епидемиолошките анкети утврдено е дека еден од позитивните тестови од Скопје е контролен тест.
Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје 1158, активни 552
• Куманово 526, активни 110
• Дебар 52, активни 1
• Штип 142, активни 104
• Прилеп 217, активни 31
• Тетово 257, активни 100
• Струга 91, активни 19
• Велес 138, активни 28
• Битола 29, активни 3
• Охрид 25, активни 8
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 41, активни 20
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 3
• Крива Паланка 6, активни 0
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 41, активни 10
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 3
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 14, активни 5 (*8 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)