ЕУ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ОТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ - Еве ги деталите

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ОТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ - Еве ги деталите

На видео конференција, министрите за внатрешни работи  на земјите членки на ЕУ повикаа на целосно отворање на внатрешните граници на Шенген зоната, а потоа и за постепено отворање на надворешните граници на ЕУ.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ најавија дека отворањето на внатрешните граници на Шенген ќе биде завршено до крајот на јуни, проследено со постепено отворање на надворешните граници на ЕУ, што треба да се случи на почетокот на јули.

На состанокот на Советот на ЕУ беше оценето дека целокупната епидемиолошка состојба во ЕУ-27 е позитивна, што ќе им овозможи на повеќето земји-членки да ги отворат своите граници во Шенген на 15 јуни, а другите треба да ја завршат до крајот на месецот.

Ќе се вратиме во целосно функционална Шенген зона и слобода на граѓаните најдоцна до крајот на јуни“, рече комесарот за внатрешни работи Илва Јохансон.

На видео конференцијата, министрите за внатрешни работи ветија дека прво ќе ги отворат целосно внатрешните граници на Шенген, а потоа постепено ќе се движат кон надворешните граници на ЕУ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата