НЕМА СЛОБОДЕН ВЛЕЗ НИ ВО БУГАРИЈА: Задолжителен карантин за македонски државјани

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕМА СЛОБОДЕН ВЛЕЗ НИ ВО БУГАРИЈА: Задолжителен карантин за македонски државјани

Бугарското Министерство за здравство издаде наредба за задолжителен 14-дневен карантин за лица кои од Македонија ќе пристигнат во Бугарија.

Имено, како што јави БГНЕС, со истата наредба се укинува задолжителниот двонеделен карантин за граѓаните кои пристигнуваат од Босна и Херцеговина и од Црна Гора во Бугарија.

Двете промени се предложени од Главниот државен здравствен инспекторат на Бугарија по оценката на епидемиолошката состојба и ризикиот од ширење на Ковид-19 во Бугарија

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата