Епидемилогот Коњановски: Не треба да си лекар за да заклучиш дека по „ифтарскиот” ќе следи „туристички” пик

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Епидемилогот Коњановски: Не треба да си лекар за да заклучиш дека по „ифтарскиот” ќе следи „туристички” пик

Кретенизмот повторно на дело во борба со Короната... Не очекува ли и нас Италијанското сценарио, повторно ли “Народот ќе биде крив”, вели епидемиологот Тони Коњановски

По скоро три месечна голгота на здравствените работници, рестриктивни мерки, карантини и изолации, крах на економијата, потрошени огромни средства и ресурси и каква-таква контрола над епидемијата, “Некој” добива генијална идеа, зачинета со многу политика и волунтаризам, Градот да го затвори, а луѓето да ги ослободи и растури низ државава.

Не треба да се биде лекар и многу мудар па да се заклучи дека по сегашниов “Ифтарски” ќе следи уште еден “Туристички” пик за десетина дена, но Вие си знаете...така е секогаш кога наместо Хипократ, Хипокрит ќе надвладее!“ напиша Коњановски на Фејсбук

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата