Д-р Алисија Вилсон, член на независниот тим на патолози кои ја извршиле обдукцијата по барање на семејството на убиениот Џорџ Флојд, изјави дека Афроамериканецот починал поради механичка асфиксија, односно задушување предизвикано од притисок на вратот.

Сепак, во извештајот објавен малку подоцна од канцеларијата на официјалниот патолог на округот Хенепин во Минесота, се наведува дека причина за смртта е срцев удар.

Д-р Мајкл Баден, друг член на независниот тим на патолози, тврди дека Флојд починал поради силниот притисок на вратот и грбот, што го попречувало протокот на крв и дишењето. Тој вели дека бројните модринки и гребнатини на телото и лицето на Флојд се доказ за големата сила со која беил притиснат на земја.

„Флојд почина затоа што му требаше воздух“, вели Баден.

Здрава личност или со болно срце

Од друга страна, официјалните патолози од округот Хенепин велат дека срцето на Флојд запрело кога полицијата го притиснала на земја и изјавува дека убиениот Афроамериканец бил срцев пациент и имал висок крвен притисок. Исто така, првичната токсиколошка анализа покажа присуство на фентанил и метамфетамин во крвотокот на Флојд.

За разлика од тоа, д-р Баден тврди дека Флојд имал добра здравствена состојба и дека нема болести што можеле да играат значајна улога во неговата смрт. Што е најважно, и двете обдукции покажуваат дека станува збор за убиство, односно дека постапувањето на другите луѓе предизвикало смрт на Флојд. Но, за јавноста и судењето кое следи е важно дали се работи за убиство со задушување или за смрт која настанала како последица на претходна болест. Поточно, дали полицаецот ладнокрвно го убил Флојд или предизвикал смрт од незнање за неговата болест.

Аутопсијата исто така утврди дека Флојд е заразен со коронавирус.

Бидејќи тестот може да покаже позитивен резултат дури неколку недели по инфекцијата, лекарите веруваат дека Флојд имал асимптоматска клиничка слика и не бил заразен. Смртта на Флојд предизвика масовни протести што траат веќе девет дена во скоро сите поголеми американски градови.

Најчитани вести