Бил Гејтс конечно даде ОДГОВОР ЗА ЧИПИРАЊЕТО НА ЛУЃЕТО

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бил Гејтс конечно даде ОДГОВОР ЗА ЧИПИРАЊЕТО НА ЛУЃЕТО

Основачот на „Мајкрософт“, милијардерот Бил Гејтс, вели дека теориите според кои тој има некаква улога во заговор за глобално чипирање на луѓето се толку глупави што е речиси невозможно да се негираат.

На почетокот на пандемијата на коронавирусот, теориите започнаа да се шират на социјалните мрежи и во медиумите на Интернет за тоа како Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс на некој начин е  одговорна за тоа и дека тие се обидуваат да ги чипираат луѓето преку вакцини и со тоа да ги подложат на глобален надзор.

Никогаш не сум се занимавал со микрочипови. „Речиси е невозможно да се негира колку е глупаво и бесмислено“, изјави Гејтс за порталот „Бизнис инсајдер“.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е втор по големина донатор на Светската здравствена организација во периодот 2018-2019 година и обезбедува речиси 10 проценти од буџетот на СЗО.

Фондацијата финансира истражување од областа на производството на лекови и вакцини.

Светската здравствена организација прогласи пандемија на коронавирусот на 11 март. Според најновите податоци, бројот на пациенти во светот надмина 6,4 милиони, а починале повеќе од 380.000 луѓе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата