ПРОТЕСТИТЕ ГИ КОРИСТАТ ЗА ДА КРАДАТ: Украдени 80 луксузни коли само од еден салон (ВИДЕО)

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПРОТЕСТИТЕ ГИ КОРИСТАТ ЗА ДА КРАДАТ: Украдени 80 луксузни коли само од еден салон (ВИДЕО)

Протестите за смртта на Џорџ Флојд, кој настрада поради полициската бруталност во САД, продолжуваат, а има и такви кои ја користат ситуацијата за да крадат или демолираат.

Разбојниците го искористија хаосот и судирите со полицијата што се случуваат во многу американски градови, па затоа испразнија салонот за луксузни автомобили во градот Сан Леонардо, Калифорнија.

Сопственикот Мајк Саливан проценува дека биле украдени дури 80 автомобили, а нивната вкупна вредност е 2,7 милиони долари.

Крадците провалиле во салонот, а потоа успеале да го пробијат сефот, во кој се наоѓале клучевите на сите автомобили од паркингот на салонот.

 Некои автомобили биле вратени од полицијата во лоша состојба, а се проценува дека повеќето ќе бидат демонтирани и продадени на делови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата