Цеца не запира со славјето за внукот - ПОВТОРНО ОДРЖА ЛЕКЦИЈА КАКО СЕ ПРАВИ ЗАБАВА (ВИДЕО)

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цеца не запира со славјето за внукот - ПОВТОРНО ОДРЖА ЛЕКЦИЈА КАКО СЕ ПРАВИ ЗАБАВА (ВИДЕО)

Ражнатовиќи и и семејството Родиќ не запираат со славјето за раѓањето на малиот Жељко. Тие синоќа направија забава на Тител, гордата баба Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави на прославата веднаш по полноќ.

Иако Цеца прво изјави дека е уморна и нема да присуствува на забавата, сепак таа се појави и на  општо задоволство на присутните веднаш запеа!

Големата прослава се одржа во семејната куќа на Родиќ во Тител, а Цеца  убавите моменти ги сподели и на Инстаграм, а накратко ја опиша атмосферата на забавата: „Гори“!

Таткото на Богдана, Богдан, беше меѓу најсреќните, па падна на колена додека Цеца пееше „Морем плови“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата