МАСОВНО НАСТРАДА И МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ во Градската болница во Скопје

4.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МАСОВНО НАСТРАДА И МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ во Градската болница во Скопје

Шест медицински лица, од кои четири сестри и двајца болничари од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје се позитивни на КОВИД-19, потврди д-р Христијан Костов, директор на болницата.

Едната сестра била ангажирана во КОВИД центарот кај најтешките пациенти, а останатите медицински лица се од другите одделенија каде се третираат суспектни случаи. Директорот вели дека болницата одредена од Министерството за здравство привремено да биде специјализирана КОВИД болница, практично целосно функционира како инфективна здравствена установа и тријажен центар за КОВИД за целата држава.

„Три месеци немавме ниту еден позитивен случај, но ете, се појави и кај нас. Верувам дека е донесен од надвор, знаете, имаме две банки во рамки на болницата, потоа семејни вечери, прослави и слично“, вели директорот.

Шесте медицински лица имаат благи симптоми, кашлица и температура, а поради контактите на работа, во изолација се десет нивни колеги – сите медицински лица. Тестовите за коронавирус на десете изолирани се негативни, но не можат да доаѓаат на работа уште 9-10 денови, со оглед на тоа дека од пред 5-6 дена се во изолација.

Во болницата „8 Септември“ во моментов има 8 заболени на механичка вентилација, 3 на сипап маска и 10 на кислородна поддршка кои дишат сами. Костов вели дека вчера примиле дваајца заболени, но најголем наплив бил во вторникот кога биле хоспитализирани 15-мина со КОВИД-19.

„Кај нас се хоспитализираат најтешките случаи, толку тешки што дури не можеме да ги транспортираме ни до Инфективната клиника. Планиравме што поскоро да ја отвориме болницата за редовни пациенти, но со растот на бројките изминативе денови, не успеавме ни да ги отвориме другите одделенија за да функционираме нормално. Таман ги пренесовме апаратите, вечерта на прием дојдоа 15 пациенти“, рече директорот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата