Балканците кои славеле Бајрам, ВИНОВНИ ЗА ШИРЕЊЕ НА КОРОНА! ГЕРМАНЦИТЕ БЕСНИ

4.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Балканците кои славеле Бајрам, ВИНОВНИ ЗА ШИРЕЊЕ НА КОРОНА! ГЕРМАНЦИТЕ БЕСНИ

Последица од ваквото однесување е 86 заразени во самиот град и уште 18 во близина, и се претпоставува дека овие бројки ќе продолжат да растат, пишува Дојче веле.

Поради тоа, карантин е воведен за неколку стотици луѓе кои биле во контакт со заразените. Три лица сега се во болница, од кои едно е на респиратор.

Оваа недела ќе бидат тестирани уште 600 до 700 жители на станбен комплекс во Гетинген, каде се одржувале семејните прослави. Заразата се прошири преку границите на градот бидејќи пристигнале многу гости од околината и другите делови на земјата. Еден ученик рекол на училиште дека членовите на неговото семејство се гушкале и се ракувале со рака за време на прославата. Според градската администрација, повеќето од учесниците на прославите потекнуваат од поранешна Југославија. Полицијата одби да даде конкретни информации за семејствата.

Но, очигледно е дека биле Роми од Косово. Јасна Чаушевиќ од Друштвото за загрозени нации предупреди дека Ромите не треба да се стигматизираат како оние што не се придржуваат кон мерките за борба против инфекцијата. Таа вели дека сега е важно да им се објасни на заразените и на оние кои се сомневаат во заразата колку е опасна, на нивниот мајчин јазик. „Мора да ги заштитиме сите нас и очигледно некои луѓе од себе, но без стигматизација и предрасуди“.

Овој комплекс згради веќе неколку дена е опседнат од новинарите, што очигледно не им се допаѓа на станарите. Вчера, според нивните изјави, била нападната телевизиска екипа. „Луѓето се заканија дека ќе ја уништат нашата опрема“, изјави снимателот Фестим Беќири. „Покрај тоа, од балконот фрлаа компири кон нас“.

Можен дополнителен извор на инфекција е наргиле бар што бил отворено во неделата и покрај забраната. Таму, неколку луѓе пушеле со исто пластично продолжение.

Поради брзото ширење на епидемијата, градските власти ги затвориле сите училишта и пет градинки до следниот понеделник, затоа што меѓу заразените има повеќе деца и млади. По повторното отворање, ќе се воведе обврска за носење заштитни маски. Ова предизвика бран на бес кај многу родители и директори на училиштата бидејќи училиштата неодамна повторно се отворија по долго време. „Застрашувачки е што овие луѓе мислат дека правилата не важат за нив или дека правилата се ставени во сила за нив под одредени услови“, изјави директор на едно училиште, Ларс Хумрих.

Сè уште е неизвесно дали ќе се воведат строги ограничувања за целиот град со цел да се спречи ширењето на вирусот. Во секој случај, се очекува зголемување на бројот на заразени лица, изјави градскиот претставник Кордула Данкерт.

Сè уште не е решено дали некој ќе одговара законски за брзото ширење на инфекцијата. Во моментот, најважно е да се ограничи ширењето, изјави градоначалникот Ролф-Георг Кулер и додаде: „Кога ќе имаме уште малку време, ќе одлучиме против кого да покренеме прекршочна постапка и против кого да покренеме кривична пријава“.

За споредба: бројот на нови случаи во изминатите седум дена на 100,000 жители во Готинген бил 21,6, а во целата провинција Долна Саксонија 5,4.

Извор: Канал 5

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата