(ДОКУМЕНТ) Скандал во НАТО база во Авганистан ПРЕДИЗВИКАН ОД ШЕКЕРИНСКА

4.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ДОКУМЕНТ) Скандал во НАТО база во Авганистан ПРЕДИЗВИКАН ОД ШЕКЕРИНСКА

Вистински срам и хаос предизвикала неодговорноста на Министерството за одбрана на Македонија во НАТО база во Авганистан – покажува документот кои свиркачи го доставија до редакцијата на „Економски Лидер“.

Минатата недела, на прагот од домот на главниот уредник на нашиот медиум, свиркач достави USB мемориски стик на кој се гледа електронско писмо потпишано од полковникот Заим Шкриељ, во кое тој го известува министерството дека помлад водник, поради неажурноста на министерството бил оставен без безбедносен сертификат и истиот не може да се движи низ базата на НАТО во Авганистан каде што се стационирани нашите војници.

Полковникот Шкриељ, во писмото го алармира министерството дека не постои начин како да се издаде пропусница за војникот и тој буквално не може да се движи ниту во кантина.

Името на војникот кој е заглавен поради неажурноста на МО и е познато на нашата редакција, но истото нема да го објавиме затоа што се работи за класифицирана информација. Го објавуваме само она што е во јавен интерес, а тоа е дека министерството предводено од Радмила Шекеринска, не се погрижило за да се подготви соодветна документација за нашите војници да можат соодветно да си ги извршуваат своите обврски во базата на НАТО.

Писмото од полковникот Заим Шкриељ, го објавуваме во целост:

Откако нашата редакција го извади ова писмо од USB Меморискиот стик, истиот беше целосно уништен и фрлен во реката Вардар. Овие мерки ги преземавме, за да го заштитиме нашиот анонимен извор во случај МО и полицијата да пробаат да откријат кој е изворот кој ни ги доставува овие материјали.

Извор: Лидер.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата