ВЛАДАТА ДАДЕ НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

4.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВЛАДАТА ДАДЕ НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Министерството за труд и социјална политика информира дека 5 јуни(петок) е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија.

Владата на седницата одржана на 3 јуни 2020 година го определи 5 јуни за неработен ден за сите граѓани со цел обезбедување целосна координација на активностите насочени кон спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19.

Владата донесе одлука да се воведе целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје, во сите сите скопски општини и во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Забраната на движењето почнува вечер, од 21 часот и ќе важи се до понеделник, до 05:00 часот.

Во сите останати градови се забранува движење на сите граѓани од вечер, од 21:00 часот до наредниот ден, до 05:00 часот наутро. В петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро. Петок е прогласен за неработен ден за сите граѓани. Владата ја донесе оваа одлука на вчерашната 60-та седница, согласно препораките на Комисијата за заразни болести.

Од вечер, од 21:00 часот до понеделник, до 05:00 часот, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен за погреби.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата