ДЕТАЛИ ОД ИНЦИДЕНТОТ НА ЈАНЕВА: Слечена ја чекала брзата помош

3.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕТАЛИ ОД ИНЦИДЕНТОТ НА ЈАНЕВА: Слечена ја чекала брзата помош

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска во Државниот завод за ревизија почнала да се соблекува и останала во долна облека додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈО.

На полицајците Јанева прво им кажала дека и е доста од сè и почнала да се соблекува. Потоа била повикана итна помош и и е дадена инјекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува мерката домашен притвор, објавува Телма.

-Во 10:30 часот  К.Ј (1965) по наредба од Основен кривичен суд Скопје била спроведена во Држвен завод за ревизија  во Палатата „Емануел Чучков”, каде го нарушила јавниот ред и мир со дрско и непрстојно однесување на јавно место. Сочинет е записник за констатираниот прекршок, соопштија од МВР.

Од ДЗР велат дека Јанева била повикана во својство на одговорно лице на СЈО.

-Јанева беше повика во врска со извршената ревизија на усогласеност, согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2020 година, а за потребите на одржување на завршен состанок- велат за „Слободен печат“ од ДЗР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата