ВО СКОПЈЕ ДЕНЕС ПОВТОРНО НАЈМНОГУ ЗАРАЗЕНИ - Вкупната бројка од почетокот ближи до 1.000

3.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВО СКОПЈЕ ДЕНЕС ПОВТОРНО НАЈМНОГУ ЗАРАЗЕНИ - Вкупната бројка од почетокот ближи до 1.000

Од 101 потврден нов случај на коронавирус во Македонија, дури 59 се во Скопје. Во главниот град исто така има еден починат пациент од вкупно 4 кои беа регистрирани изминатото деноноќие. Со ова вкупниот број на заразени во Скопје се искачи на 987 од кои 396 се активни.

МИнистерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-3, Кочани-3, Пробиштип-2.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 10 оздравени пациенти и четворица починати. Оздравените се од: Тетово-8 и Велес-2, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што се посочува, почина 84-годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 Септември“ починаа, пациент од Тетово (75 г.) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71 г.), примен на 26 мај и пациент од Скопје (58 г.) примен на 30 мај.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата